Shipping & Returns

Начин на испорака

При примањето на производот примачот е должен да го провери производот од евентуални оштетувања при транспорт и да провери евентуален недостик на некој дел (доколку производот е составен од неколку делови). Доколку е констатирано недостаток,примачот е должен веднаш да го пријави недостатокот.

Пред испорака на производот купувачот ќе биде контактиран телефонски за часот и денот на испорака. Испораката на производите се прави низ целата територија на Р. Македонија.

  • Испорака на производи надвор од територијата на Р. Македонија не се прави.
  • Времето на испорака во Скопје изнесува 24 часа од моментот на правењето на нарачката.
  • Низ другите градови во Македонија времето на испорака изнесува 48 часа од моментот на правењето на нарачката.
  • Доколку нарачката е направена после 17 часот тогаш периодот за испорака започнува да тече од наредниот работен ден.
  • Доколку нарачката е направена во нерабтен ден рокот започнува да тече од првиот работен ден.
  • Во рокот на испорака не се пресметуваат неработните денови.
  • ГРИН МАСТЕР ДООЕЛ го задржува правото да го продолжи периодот на испорака без да го извести купувачот најмногу 7 дена од моментот на правењето на нарачката и над 7 дена само со договор со купувачот.

Доколку има доцнење на испораката ГРИН МАСТЕР ДООЕЛ не сноси никаква одговорност доколку доцнењето е предизвикано од страна на компанијата која е ангажирана за извршување на испораката.

Враќање и замена

Производот, кој е неотпакуван и неупотребуван може да се врати во рок од 7 дена, заедно со приложената фактура ,испратница и другите пропратни документи кои се доставени при испораката и истиот може да го замените со нов.

Во случај да барате враќање на паричните средства, тоа можете да го остварите само доколку производот го вратите неупотребуван и во оригиналното пакување, со приложена фактура и испратница и другите пропратни документи кои се доставени при испораката во период од 7 дена од приемот на производот. Парите ќе Ви бидат префрлени на истата банкарска сметка која сте ја користеле при плаќање на производот.

Во случај кога ќе се забележи дека производот е користен, отпакуван (изваден од амбалажа) или е оштетен, но не од наша страна, тогаш износот на вратените средства ќе биде намален од 50- 80% од цената на чинење.

ГРИН МАСТЕР ДООЕЛ го задржува правото да ја менува Политика за враќање на производите и парични средства. Сите ревизии или промени ќе стапат во сила веднаш со нивното објавување на веб страницата на ГРИН МАСТЕР Дооел Скопје.

Потрошувачот има право да го замени производот што има соодветен квалитет, а што не одговара во однос на формата, големината, моделот, бојата, бројот или од други причини освен во случај на купен производ изготвен по нарачка од потрошувачот врз основа на писмен договор.
Потрошувачот правото може да го оствари во рок од 15 дена од денот кога производот е купен.

Замена на производот со соодветен квалитет се врши ако производот не бил употребуван, ако е сочуван изгледот на производот, употребните својства, пломбите, фабричките етикети, како и фискалната сметка за производот или сметкопотврда кои на потрошувачот му биле издадени заедно со производот.

Ако во моментот на поднесувањето на барањето од потрошувачот трговецот нема соодветен производ (производ што ќе одговара на неговите потреби), потрошувачот има право по свој избор да бара:

  • да го раскине договорот и да бара враќање на платениот паричен износ или
  • да го замени производот со соодветен кога ќе има таков производ.

Трговецот е должен да го извести потрошувачот кој барал замена на производот дека има таков производ за продажба во рок кој не мож е да биде подолг од 30 дена од денот на приемот на барањето.

Newsletter