Conditions of use

Со самaтa посета на нашата интернет страна се согласувате со општите услови и правила кои треба внимателно да ги прочитате. Условите ги дефинираат односите помеѓу ГРИН МАСТЕР ДOОЕЛ Скопје од една страна како сопственик на интернет страната со домеин GREENMASTER.INFO и сите негови поддомеини и електронските корисници на домеинот и неговите поддомеини.

ГРИН МАСТЕР ДООЕЛ Скопје не превзема одговорност доколку корисникот не ги прочитал општите услови и правила. Ако не се согласувате со Општите услови на оваа страна, едноставно не ја користете и повелете во некоја од нашите ГРИН МАСТЕР продавници. Називот ГРИН МАСТЕР е заштитен трговски знак на ПУТД ГРИН МАСТЕР ДООЕЛ увоз–извоз Скопје и e забранет за секаков вид на негова употреба без претходна писмена согласност на сопственикот. ГРИН МАСТЕР ДООЕЛ Скопје ги задржува сите права кои произлегуваат од трговскиот знак ПУТД ГРИН МАСТЕР ДООЕЛ увоз–извоз Скопје.

Авторски права

Целата содржина на оваа страна, вклучувајќи ја формата, изгледот, сликите, информациите, дизајнот и сите достапни податоци, се интелектуална сопственост на ПУТД ГРИН МАСТЕР ДООЕЛ увоз–извоз Скопје кои се заштитени со авторско право и сродните права.

Превземањето на информации, податоци и слики, нивната дистрибуција, пренос или користење на линкот од овој сајт е стого забрането. Употребата на истите е можна само за некомерцијални цели и лична употреба надвор од дозволеноста за било каква злоупотребата на податоците и опциите кои ги нуди оваа страна.Споделените информации од оваа страна имаат информативен карактер. Секогаш сме се залагале и ќе се залагаме за точност на информациите, но можни се отстапувања и пропусти во информирањето, во зависност од изворот на информациите.

За сите производи ќе се потрудиме да имате достапна фотографија, како илустрација за изгледот и формата на производот.
ГРИН МАСТЕР го задржува правото да објавува називи, модели и други информации за производот на англиски јазик, кога:

- Постои ризик од губење на битни информации при преводот
- Нема иста или слична терминологија на македонски јазик.

Како би ги задоволиле Вашите потреби и барања, ГРИН МАСТЕР ќе се залага за достапност на својата интернет страна 24 часа во денот. Во случај на привремена недостапност односно прекин на пристапот до интернет страната поради технички или надворешни влијанија надвор од контролата на ГРИН МАСТЕР, не можеме да превземеме никаква одговорност и да Ви гарантираме постојан пристап.

Купување

Купувачот има право да го одбере производот кој е понуден на веб страната на ГРИН МАСТЕР и на истиот да направи нарачка со што ќе ја определи количината, начинот на испорака и останатите опции понудени на веб страната. Купувачот има право да ја откаже, дополни или модифицира направената нарачка се до моментот пред да ја реализира нарачката. Со самото реализирање на плаќањето купувачот склучува договор со ГРИН МАСТЕР ДOОЕЛ Скопје за рокот, условите и производот кои се предмет на нарачка.

Доколку поради технички причини настане проблем со правењето на нарачката преку веб страната ГРИН МАСТЕР ДOОЕЛ Скопје го задржува правото да ја одбие и да не ја комплетира нарачката со тоа што нема да настанат никакви облигациони односи со купувачот освен повраток на парите доколку истите се наплатени од купувачот.

Гаранција

Сите производи купени од ГРИН МАСТЕР ДOОЕЛ Скопје се под гаранција и за нив се издава гарантен лист во кој се наведени условите за гаранција. За одредени производи гаранциската изјава наведена на веб страната е лимитирана. За тие производи важи гаранциската изјава која доаѓа со тие производи поради соодветните договори склучени со увозниците и/или дистрибутерите на производите. За тие производи неважат прописите наведени на оваат веб страна.

Гаранциски услови

I. Општи услови

1. Потрошувачот има право на рекламација доколку производот не работи според предвиденото,
2. Откако ќе забележи неисправност на производот, потрошувачот е должен за истото да извести во најкраток можен рок,
3. Зачувувањето и запазувањето на софтверските податоци, програмите и подесувањата (конфигурациите) на производот е обврска на потрошувачот. Трговецот или сервисните центри не се одговорни (во рамките на законските обврски) за штети нанесени преку загуба или оштетување на податоци, ниту за индиректна штета и други загуби, за загуба на приходи, дури и во случаите, кога истите настапиле поради причина, која настанала поради извршениот сервис.

II. Права на потрошувачот кои произлегуваат од задолжителната гаранција.

1. Подолу наведените права можат да бидат остварени во гарантниот рок.
2. Гаранцискиот рок започнува да тече од денот кога производот ќе биде предаден на потрошувачот или од датумот на почетокот на неговото користење, доколку тоа е извршено од Трговецот или од лице овластено од Трговецот.
3. Во случај на неисправност Трговецот или сервисерот се должни да го отстранат дефектот во рок од 30 дена од денот на приемот на барањето за сервис од страна на потрошувачот.
4. Во случај на неисправност производот може да се сервисира најмногу до три пати во рамките на гарантниот рок и доколку не се поправи, потрошувачот по свој избор има право да бара замена на ист таков, нов, и исправен производ или нов и исправен производ еквивалентен според карактеристиките на стариот производ или да му се врати платениот износ, освен во случаите, кога исполнувањето на избраната услуга од потрошувачот е невозможна, или кога со тоа би настанале несразмерно поголеми расходи на Трговецот, во споредба со друга услуга. При тоа се земаат во предвид состојбата на производот, степенот на непочитување на договорот и настанатите проблеми на Трговецот или соодветно на сервисерот, при исполнувањето на гаранциското задолжување.
5. Во случај неисправноста да не биде отстранета согласно наведеното во точките 3 и 4 погоре, потрошувачот согласно законот по избор може да бара сразмерно намалување на цената, замена на производот со нов или да го раскине договорот. Потрошувачот нема право да го раскине договорот во случај на незначителна неисправност на производот.
6. Трговецот или сервисерот се должни да ја извршат замената или поправката на начин што истото ќе биде во согласност со карактеристиките и својствата на производот, во рамките на гарантниот рок и без истите да причинуваат значителни проблеми на потрошувачот.
7. Во производот може да има делови кои носат сопствена гаранција, независно од гаранцијата на уредот во кој се наоѓаат.
8. Потрошувачот ги има законските права кои произлегуваат од националното законодавство и истите права не се загрозени со оваа гаранција.

III. Пријавување на рекламации.

Потрошувачот може да поднесе рекламации кај Трговецот или да се обрати директно во Сервисните центри.

IV. Случаи кога гаранцијата може да биде неважечка.

1. Гаранцијата нема да биде важечка во случај кога дефектите или неисправноста се резултат на следниве причини:

- производот не се употребува согласно упатството за употреба;
- употреба на софтвер, носачи на информации, резервни делови, додатоци или потрошни материјали кои не се доставени или одобрени од производителот;
- чистење вирусни инфекции и последици од нив;
- дефекти и оштетувања предизвикани од транспорт од страна на потрошувачот после продажбата на производот;
-механички оштетувања (физичко) оштетување на деловите,изгорени делови од печатени кола
- механички оштетувања или дефекти настанати како резултат на земјотрес, поплава, пожар или други природни непогоди, како и при неприлагоден извор за напојување, струен удар или други надворешни фактори и несоодветна работна околина
- било какво дејствие или поправка кое предизвикало дефект или механичко оштетување или причина за неисправност, а која не е извршена од овластен сервисен центар
- оштетување од влага,прашина,рѓа,инсекти,глодари,нагризувачки материи
-дефекти настанати како резултат на нормално абење

2. Гаранцијата нема да биде важечка, ако дефектот (оштетувањето) настанал како резултат на тоа што потрошувачот не се придржувал кон правилата за употреба, наведени во упатството за користење на производот.
3. При поднесување на рекламација потрошувачот е должен да достави Гарантен Лист кој ја содржи пропишаната содржина заедно со фискалната сметка за производот или издадената фактура. Рекламации не се прифаќаат кога фабричкиот број на производот не може да се прочита или недостасува, освен во случаите кога тоа е направено од производителот.
4. Ако поради горенаведените причини настанат дефекти и оштетувања, сервисирањето е на сметка на потрошувачот, дури и кога истото се врши за времетраењето на гарантниот рок.
5. Гаранцијата не опфаќа чистење и одржување на производот, како и промена на потрошните делови.

Безбедност

ГРИН МАСТЕР ДOОЕЛ Скопје е посветен на целосната безбедност на интернет страницата со примена на најсигурните и докажани безбедносни решенија со цел заштита на клиентот. Заштитата ГРИН МАСТЕР ја обезбедува на домеинот GREENMASTER.INFO како и на сите поддомеини на истата страна. ГРИН МАСТЕР не ја гарантира безбедноста доколку на сајтот има поставено линк до друга веб страна и не превзема никаква одговорност во однос на заштита на личните податоци на тие страни.

Newsletter