Novosti

Magic Nuudels

Biorazgradljive dečije forme za modeliranje.
SKU: 18001
Manufacturer: Green Master
925 din

Magic Nuudles® се производи направени од најдоброто пченкарно брашно во САД и се сосема природни и безбедни, 100% биоразградливи, еколошко чисти едукативни играчки. Производот поседува пет американски патенти и е сертифициран од Американската заедница за испитување и материјали (АСТМ), поседува европски и меѓународни сертификати CE, EN71 (Европски стандард за играчки) и BPI (Институт за биоразградливи производи).
Создавачот на Magic Nuudles, д-р Рамани Нарајан е истакнат професор по хемија и биохемија, инженер на универзитетот во Мичиген и еден од најдобрите научници во областа на био и биоразградливи полимери веќе 30 години.
Magic Nuudles содржи стапчиња во разни бои, кои доволно е само да се допрат до влажен сунѓер за да станат лепливи, а потоа многу лесно можат да се залепат за другите стапчиња, хартија, кожа, облека, па дури и на стаклени површини. Употребувајќи ја својата имагинација, децата имаат неограничена можност да создаваат се што ќе посакаат. Magic Nuudles, до одреден степен или сосема, можат да го заменат пластелинот и дрвените коцки поради својата безопасност и недостатокот на секакви штетни состојки (безопасни се дури и при ненамерно голтање).
Да учиме, додека изработуваме е нов популарен концепт.
Кога децата си играат со Magic Nuudles можат да градат, создаваат и декорираат се што можат да замислат. Magic Nuudles се широко распространети, како рачни материјали, коишто се од голема помош за развивање на детската креативност и имагинација.*

Бодови: 3.33