Newsletter

Thermo therapie загревачки фластер - 1 парче

Отстранете ја болката!
SKU: 51326
Manufacturer: Stolz
349 din

Мек и пријатен фластер кој е направен од природни материјали: железо, активен јаглен, сол и вода. Со отварање на пакувањето и одлепување на заштитната фолија се создава хемиска реакција меѓу железото и кислородот од воздухот при што се ослободува поднослива интензивна топлина до 400С  во времетраење од половина час по што топлината се одржува до 8 часа .

Дејство: Загревачкиот фластер Termo Therapie претставува терапија со топлина, која помага за справување со болки во грбот, мускулите и зглобовите. Затоплувањето ја подобрува циркулацијата и ги проширува крвните садови, со што гарантира подобар проток на крв, кислород и хранливи материи во клетките, а во исто време го чисти организмот од  јаглерод диоксид и токсини. Мускулите се опуштаат, а болката постепено се намалува и исчезнува. Упешно се применува и кај: плексит, менструални болки, болки во абдоменот, болки во вратот и др.

Начин на употреба: По отворањето на пакувањето и отстранување на фолијата, фластерот се лепи рамномерно врз сува и чиста кожа. Се отстранува лесно со лупење или намокрување. За најдобри резултати може да се носи во текот на 8 часа, по што во рамките на 24 часа не смее да се користи повторно на истото место. Не се препорачува да го употребуваат деца и бремени жени; како и да не се употребува на модринки, отоци, иритирана кожа; при нарушена циркулација како последица од дијабет. Фластерот не смее да се сече и да се кине. Доколку е оштетен не смее да се употребува.

Пакувањето содржи еден фластер за еднократна употреба

Бодови: 1.25