Newsletter

Dr.Nature IQ макс - 30 таблетки

Најдобрата формула за јакнење на меморијата и концентрацијата!
SKU: 30060
Manufacturer: Dr. Nature
1,430 din


Dr. Nature ги препорачува за помош при: нарушено снабдување со крв на мозокот и екстремитетите, намалена концентрација, зуење во ушите, вртоглавица. Го подобрува памтењето и ја стимулира работата на мозокот. Исто така влијае позитивно и врз работата на кардио-васкуларниот систем.

Состав:
Секоја таблета содржи екстракт од гинко билоба (24 % флавоноиди) – 100 mg, магнезиум – 160 mg,  екстракт од родиола (Rhodiola Rosea) – 100 mg, екстракт од семки од грозје (95 %) - 60 mg, фосфатдилсерин – 50 mg, диметиламиноетанол (ДМАЕ) – 30 mg, екстракт од мента – 20 mg, хуперизин А – 50 μg, витамин B6 – 4 mg, селен – 100 μg, витамин B12 – 10 μg.
Дејство:
Гинко билоба го подобрува памтењето и концентрацијата и придонесува до проширување и на најмалите крвоносни садови со што ја подобрува циркулацијата на крв особено периферната циркулација. Го потпомага снабдувањето на мозокот со кислород и ја потпомага работата на крвните садови и срцето. Родиолата има моќен адаптоген ефект, го потпомага енергетскиот баланс на организмот, има силно антиоксидантно дејство и исто така потпомага за поефикасно снабдување на клетките со кислород. Екстрактот од семки од грозје е 20 пати посилен антиоксиданс од витаминот С. Придонесува за нормална работа на кардио-васкуларниот систем. Ментата придонесува за стимулирање на мозочната активност, ја подобрува концентрацијата и вниманието. Фосфатдилсеринот придонесува за одржување на структурата на клеточните мембрани и пренесувањето на нервните импулси, влијае позитивно на памтењето, будноста и концентрацијата особено при тешка умствена работа. Диметиламиноетанолот (ДМАЕ) е прекурсор на ацетилхолинот (невромедијатор во мозокот, кој учествува во пренесувањето на нервните импулси и ги потпомага когнитивните способности). Придонесува за концентрацијата и позитивно влијае на работата на мозокот. Витаминот В6 им помага на некои аминокиселини во невротрансмитери. Учествува во синтезата на серотонин, допамин, гама-амино киселина и сл. Витаминот В12 придонесува за нормална работа на мозокот. Селенот учествува во природните антиоксидантни системи во нервните клетки, придонесува за неутрализирање на слободните радикали и го потпомага нормалното функционирање на мозокот. Магнезиумот придонесува за нормална работа на кардиоваскуларниот и нервниот систем, како и за закрепнување на организмот по стресни ситуации и нервна оптовареност. Хуперизиот А потпомага за продолжување на дејството на невротрансмитерот  ацетилхолин во нервниот систем и на тој начин позитивно делува на работата на нервниот систем.
Начин на употреба: се препорачува 1 таблета на ден наутро по јадење.


Бодови: 5.14