Newsletter

Eколошки течен детергент за перење BIONURсо сапунено оревче - 1000 ml

Природно еколошко средство за перење! „Индиското“ оревче (Sapindus mukorossi) кое е богато со сапунини е најголем хит во современите еколошки производи за перење, миење и чистење
SKU: 20311
Manufacturer: Bionur
1,000 din

Дејство: благодарение на своите својства, детергентот е одличен за перење на шарени и бели алишта, за секаков вид на ткаенини – од груба волна до нежна свила. Ги отстранува дамките од ткаенините и ги зачувува боите. Прилагоден е за перење и на детски алишта.
Детергентите кои што во својот состав содржат оревче богато со сапунини се антиалергени- се препорачува да ги употребуваат луѓе склони кон алергии и чувствителна кожа. Имаат антибактериско и антимикробно дејство. Покрај тоа оревчето богато со сапунини има ефект и на природен омекнувач (нема потреба од употреба на омекнувачи во процесот на перење), го спречува гужвањето на алиштата, со што и пеглањето е брзо и лесно.
Начин на употреба: Наменет е за рачно, машинско и за перење со Volcano Turbo Wash. Околу 30 мл (1 капаче) е доволно за едно перење на средно валкани алишта (5-6 кг). Препаратот е доволен за 35 перења.

Знаете ли дека....
Оревчето (Sapindus mukorossi) е плод на дрво кое што расте во Индија и Непал. Обвивката на плодот содржи природна состојка наречена сапонин. Кога обвивката ќе дојде во контакт со вода таа ги ослободува сапонините кои што се распространуваат како површинско природно- активни материи во водата и на тој начин се отстрануваат мрснотијата, нечистотијата и дамките од ткаенините.

Бодови: 4