Newsletter

Anti- age серум за лице со алое вера - 30 ml

Содржи 50% ладно обработено алое вера како и 3 типа на хијалуронска киселина за добивање на рамна и мазна кожа! Ја враќа младоста и сјајот на на кожата!
SKU: 92016
Manufacturer: Equilibra
2,400 din

Активни состојки: Алое Вера, 3 типа на хијалуронска киселина, масло од гроздови семки и оризово масло. Не содржи парабени, парафински масла и силикони. Благо ароматизиран, без алергени. Дерматолошки тестиран!
Дејство: Кадифен, немастен и лесно апсорбирачки серум кој ја изедначува и прави сјајна кожата на лицето. Природните состојки содржани во формулата, споени во синергиска мешавина со хијалуронска киселина со диверзифицирана молекуларна тежина, обезбедуваат комплексен третман против брчките и другите траги на времето. Алое Верата содржана во високо количество (50%) ја хидрира, штити и смирува кожата на Вашето лице. Дејствување на останатите активни состојки: Хијалуронска киселина со голема тежина - дејствува на површината на лицето со своето измазнувачко дејство. Хијалуронска киселина со просечна тежина - им помага на средните слоеви на кожата. Хијалуронска киселина со мала тежина - дејствува во длабочина, дополнувајќи ја функцијата на колагенот. Маслото од гроздови семки - ја омекнува Вашата кожа и се бори со слободните радикали. Оризово масло - ја храни Вашата кожа.
Начин на употреба: Нанесете наутро и / или навечер врз совршено чиста кожа на лицето. Нежно масирајте додека кремот целосно не се апсорбира. Идеален за користење како основа за шминка, или пред нанесување на кремот за лице што вообичаено го користите.

Бодови: 8.55