Newsletter

ЗЛАТНО ЧУДО N1- 50 мл капки

По оригинален рецепт на маг. фарм. Никола Мангалџиев. За имунитет, енергија и меморија!
SKU: 30116
Manufacturer: Carski Bilki
770 din

Состав: водно-алкохолни екстракти од: родиола или златен корен (Rhodíola rosea), семиња од кавкаска коприва (Urtica cannabina), плодови од гоџи (Lycium barbarum), магарешки трн (Onopordum acanthium), шизандра (Schisandra chinensis), вркута (Alchemilla vulgaris), гинко билоба (Ginkgo biloba). Содржи 40 % алкохол.

Се прпорачува за: Намален имунитет, често страдање од настинки и грип, физички и психички замор. Го зајакнува  организмот.

Дејство: Плодовите од гоџи придонесуваат за зголемување на отпорноста на организмот и го забавуваат процесот на стареење. Слично како и жен-шенот, гоџито е моќен адаптоген. Адаптогените го зајакнуваат организмот, ни помагаат да се справиме со стресот, помагаат за нормално функционирање на жлездите, за одржување на нормален хормонален баланс, придонесуваат за  антиоксидантна заштита на организмот и ја потпомагаат функцијата на црниот дроб. Материите, кои што ги има во родиолата, прават оваа билка да има моќен  адаптоген ефект. Тие се важни за енергетскиот баланс и придонесуваат  за поефикасно  искористување на кислородот во клетките. Го намалува заморот и ја зголемуваат меморијата и психичката енергија. Семињата од кавкаска коприва се многу богати со биоактивни материи. По природен пат ја помагаат размената на материите, го нормализираат хормоналниот баланс и имаат закрепнувачко дејство. Шизандрата помага при преголем замор, сонливост, лошо расположение, придонесува за зголемување на психичката и физичката работоспособност, ги активира  невроните и го стимулира имунолошкиот систем. Екстрактот од магарешки трн ја зголемува функцијата на уринарниот тракт и репродуктивниот систем, го одржува тонусот на мазната мускулатура и  го активира централниот нервен систем. Вркутата потпомага за одржување на нормален хормонален баланс. Придонесува за намалување на физичкиот замор и благопријатно дејствува врз имунолошкиот систем  и врз целиот организам. Екстрактот од гинко билоба придонесува за ширење и на најмалите крвни садови, ја потпомага циркулацијата на крвта и има големо влијание за снабдувањето на мозочните клетки со кислород.

Начин на употреба: Се препорачува  2 пати на ден (наутро и навечер) по 21 капка растворени  во 200 ml вода, 30 минути  пред  јадење.

Бодови: 2.77