Newsletter

Витамин Д3 – 473 ml

Еден од најважните за човечкото здравје!
SKU: 30816
Manufacturer: Dr. Nature
5,000 din

Состав: Витамин D3 (холекалциферол).

Dr.Nature го препорачува за: автоимуни заболувања, остеопороза, артритис, болки во мускулите, рахитис, дијабетис, хипертонија, депресија, хроничен замор, настинки, бактериски инфекции, акни, алергии.

Дејство: Витаминот D е еден од најважните за човечкиот организам. Благопријатно влијае на имунолошкиот, нервниот и  остео-мускуларниот систем. Недостатокот од D  доведува до развој на голем број тешки заболувања. Витаминот D го има  во 5 различни форми, но од биолошко значење се D2 и D3 (холекалциферол), кои што во организмот се претвора во моќен стероиден хормон. Витаминот D3 се синтетизира од кожата при ефикасен контакт со сончевите зраци.

Витаминот D ја регулира размената на калциум и фосфор во организмот, со што игра важна улога во нивната апсорбција, а тоа потпомага за зачувување на здравјето на коските и забите. Покрај тоа  го спречува таложењето на калциум во крвоносните садови, бубрезите и срцето. Оптималното ниво на витамин D му помага на организмот при грип и настинки и го активира имунолошкиот систем. Со нормалната концентрација на витамин D се поврзува и потиснувањето на различни автоимуни заболувања како што се дијабетисот, реуматоидниот артритис и мултиплекс  склерозата. Има моќно антивоспалително дејство, го потиснува развојот на канцерогени заболувања и ја поттикнува клеточната диференцијација. Оптималното ниво на витамин D во организмот е од особено значење за секрецијата на инсулин, го регулира нивото на шеќер во крвта и го  намалува крвниот притисок.

Се препорачува секојдневна употреба на Витамин D, како за возрасни, така и за деца – особено во месеците со намалена сончева активност (есен-зима).

Начин на употреба: ½ супена лажица (7,5 мл) дневно растворена во вода или друга течност.

Бодови: 14.32